Фудбалерите на Барселона се првите финалисти во шпанскиот Суперкуп откако вечерва во полуфиналниот меч кој се играше на „Кинг Абдула стадионот“ во Џеда славеа над Атлетик Билбао со 0-2.
Каталонците поведоа со 0-1 со погодокот на Гави во 17. минута од натпреварот. Конечните 0-2 ги постави Ламин Јамал во 52. минута. До крајот Баскијците иако постигнаа два гола преку Де Маркос во 82. и Инаки Вилијамс во 87. минута и двата им беа поништени со ВАР поради офсајд.
Athletic Club 0-[2] Barcelona – Lamine Yamal 52’
byu/fcbxjdb insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА