Барселона продава „ВИП билети“ како би можела да го задржи Олмо

Барселона долго време ја тресе финансиската криза. Клубот се соочува со проблеми со секој нов мониторинг на УЕФА, но на „Камп ноу“ се обидуваат да работат пазарно ориентирани.

Сепак, пред почетокот на сезоната мораа максимално да го засилат играчкиот кадар. Доведоа само двајца играчи, но еден беше прилично скап. Станува збор за Дани Олм, кој 55 милиони евра за трансферот од Лајпцит. Олмо има и посебна клаузула во договорот, според која на 1. јануари би можел да стане слободен играч. Во полусезоната во каталонскиот тим одигра 15 натпревари на кои постигна шест гола.

Тој може да го напушти клубот доколку Барселона не успее да го пријави на првиот ден од Новата година, што значи дека играчот се заштитил во случај да се продлабочат финансиските проблеми, односно доколку Барселона го помине финансискиот фер-плеј.

Сепак, Барселона најде начин да заработи, што во принцип не би требало да биде проблем за толку голем клуб. Со сето тоа, клубот тврди дека Олмо ќе биде регистриран не само до крајот на сезоната, туку до крајот на договорот, летото 2030 година.

А планот е Каталонците да продаваат ВИП-влезници на новиот „Камп Ноу“ и тоа долгорочно. Логично, списокот на заинтересирани страни е доста долг, па затоа и цената е висока.

Се вчитува...