Барселона пројде во полуфинале, а Флик незадоволен: Ова ни се повторува веќе неколку пати

Барселона се пласираше во полуфиналето на Кралскиот куп откако синоќа го победи Албасете на гостински терен со 2-1. Сепак, Ханси Флик не беше премногу среќен по победата на својот тим, а имаше нешто посебно против играчите.

Албасете откако го елиминираше Реал Мадрид во претходната фаза од Купот, немаше сила за нова сензација, и покрај тоа што на крајот покажа заби откако намали. Сепак, поразот можеше да биде поубедлив ако се има во предвид дека Барселона промаши многу шанси, а токму за такво нешто збореше и Флик кој е загрижен.

„Сами си ги комплицираме работите. Ги искомплициравме на крајот од мечот. Повторно пропуштаме огромен број на шанси, и ова станува проблем. Се повторува веќе неколку пати. Од сигурна победа дозволивме да биде тензично на крајот. Горд сум на моите играчи, затоа што луѓето не разбираат колку е тешко да се игра на секои три дена. Бевме подготвени и заслуживме победа. Но, треба да работиме на завршница. Создаваме многу шанси, меѓутоа не реализираме“, изјави Флик.

Се вчитува...