Денеска беа извлечени двојките во полуфиналето на Купот на Шпанија. Барселона против Атлетико Мадрид ќе се бори за влез во финалето, додека втората двојка е баскиско дерби – Атлетик Билбао против Реал Сосиедад.
Барселона е актуелен освојувач на трофејот, а пред една година го имаа исто така Атлетико како ривал во полуфиналето. Првиот меч заврши 4-4 во Барселона, додека на реваншот „Каталонците“ триумфираа со 0-1.
Сосиедад исто така вторпат по ред е полуфиналист, откако минатата сезона испадна од Реал Мадрид со вкупни 4-5. Реал не е во полуфиналето, откако испадна од Албасете во 1/8 финалето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

