Барселона се ослободи од уште еден играч како дел од стратегијата за кратење на буџетот за плати, откако каталонскиот гигант денеска објави дека ја прекинува соработката со Кори Хигинс.
Искусниот бек минатата сезона се мачеше со повреди, тој беше еден од најплатените кошаркари во тимот, па исто како и во случајот со Никола Миротиќ откако не беше постигната спогодба за прекин на соработката Барселона донесе одлука за едностран раскин на договорот. Хигинс речиси сигурно ќе ја тужи Барселона за ваквиот однос и ќе ги бара парите од преостанатата година од договорот, но екс-кошаркарот на ЦСКА воедно сега е слободен да бара нов клуб.
До пред извесно време сериозен интерес за неговите услуги покажуваа Црвена Звезда и Партизан, па останува да се види дали овој одличен кошаркар ќе ја продолжи кариерата во АБА-лигата, или ќе се реши за поинаков евролигашки предизвик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА