Барселона растура на стартот на сезоната: Три бода и против Билбао

Барселона стигна до втората победа во 2. коло од шпанското првенство откако на домашен терен славеше со 2-1 против Атлетик Билбао.

Јамал во 24. минута донесе каталонска предноста која траеше се до 42. минута кога Санчет од пенал изедначи на 1-1. Во 75. минута од средбата Левандовски одново ја донесе Барселона во предност која овој пат домаќините ја задржаа за нови три бода.

Со овој триумф Барселона се зацврсти на првата позиција на табелата со шест бода колку што има и Селта Виго. За Атлетик Билбао пак тоа е прв пораз по ремито во првото коло.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...