Доминацијата на Барселона во шпанската АСОБАЛ лига неспорна е и во новата сезона. Во 2.коло од шпанското првенство, Барселона славеше гостинска победа протиув Хуеска со 17-23.
Полскиот репрезентативец Камил Сипжак беше најефикасен во составот на Барселона постигнувајќи пет гола од пет обиди. Со максимален учинок заврши и наследникот на Кире Лазаров на десната бековска позиција, Словенецот Јуре Доленец кој беше стрелец на три гола.
Борко Ристовски на овој натпревар остана на клупата, а на голот на Барселона беше Гонзало Перез де Ваграс и запиша осум одбрани.
Следен предизвик за Барселона ќе биде дуелот со Рајн Некар Левен, на гостувањето во Германија на 17 спетмеври, на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА