Кошаркарите на Барселона поведоа со 1-0 против литванскиот Жалгирис во четвртфиналето во Евролигата откако вечерва на домашен терен славеа со убедливи 91-69.
Каталонците почнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот па по десет минути игра веќе имаа двоцифрена предност 25-13. До крајот на првото полувреме разликата само се зголемуваше па по 20 минути игра на семафорот стоеше 48-31.
Во вториот дел избраниците на Шарунас Јасикевичиус само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 91-69. Санли со 17 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Браздеикис постигна 14 поени.
Вториот натпревар од оваа серија кој исто така ќе се игра во Барселона е закажан за во петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА