Каталонскиот гигант Барселона размислува за иднината и го скаутира новото француско фудбалско чудо. Се работи за Едуардо Камавинга, 16-годишниот фудбалер кој оваа сезона блесна во дресот на Рен. Игра на позицијата последен играч за врска и бил одлична замена за Серхио Бускетс.
Спортскиот директор Ерик Абидал остварил првични разговори со раководството на францускиот прволигаш и добил информација дека Камавинга вреди најмалку 40 милиони евра. Барселона сака да го купи големиот талент веќе следното лето, но и да го остави да игра за Рен како позајмен играч до неговото полнолетство.
За Камавинга се интересираат и Манчестер Сити и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА