Барселона сака да го откупи договорот на Маркус Рашфорд

Маркус Рашфорд се чини дека го задоволи раководството на Барселона предводено од претседателот Жоан Лапорта, но и тренерот Ханси Флик.

Затоа челниците на каталонскиот клуб решија да му испратат понуда на Манчестер јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија. Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра, така што Маркус ќе стане играч на повеќекратните шампиони, за кои моментално игра на позајмица.

Од неговото пристигнување во Каталонија, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.

Се вчитува...