Барселона сака да му го „украде“ Кавани на Атлетико Мадрид

Каталонскиот гигант Барселона е во потрага по нов напаѓач. Првата опција е купувањето на Лаутаро Мартинез од Интер за сума од 111 милиони евра, но раководството размислува и за многу поевтина варијанта, да го доведе Единсон Кавани на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Уругваецот дефинитивно го напушта Пари Сен Жермен и начелно е договорен за трансфер во Атлетико Мадрид, но тука во игра жестоко би можела да влезе Барселона. Каталонците се подготвени да му понудат двегодишен договор на Кавани и да го спојат со репрезентативниот колега Луис Суарез.

Доколку се реализира една ваква зделка, тогаш трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер би можел да биде одложен и за следното лето, кога последиците од коронавирусот се очекува да бидат многу помали.

Се вчитува...