Каталонскиот гигант Барселона го убедува играчот за врска Денис Суарез да остане во Шпанија и да го продаде во еден од двата заинтересирани клуба, Бетис или Севилја. Сепак, фудбалерот инсистира да се врати во Премиер – лигата и да го облече дресот на англискиот премиерлигаш Арсенал.
Раководството на Барса сака да го продаде Денис Суарез за сума од 20 милиони евра, а Арсенал во моментот не е подготвен комплетно да го откупи договорот туку само да го земе на шестмесечна позајмица.
Денис Суарез има актуелен договор со Барселона до јуни 2020 година. Тој оваа сезона одигра само осум натпревари за тимот на Ернесто Валверде, но вкупно само 257 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА