Барселона одигра 2-2 на гости против Селта во Виго, стигнувајќи до осмото реми во Ла Лига оваа сезона. Но, тоа е веќе 33.меч во низа без пораз за каталонскиот тим. На овој дуел Валверде го остави Меси на клупата на стартот, внесувајќи го во игра во второто полувреме, додека Луис Суарез воопшто не играше.
Осман Дембеле го постигна првиот гол во Ла Лига за Барселона во 36.минута, но Џони го израмни резултатот пред крајот на првиот дел. Пако Алкасер во 64.минута повторно донесе предност за каталонскиот тим, но седум минути подоцна Серхи Роберто заработи црвен картон, а Иаго Аспас тоа го искористи да донесе реми (2-2) и еден бод за својот тим во 82.минута. Тој играше со рака, но, сепак, погодокот беше признат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА