Барселона се „чекираше“ за Белград

Кошаркарите на Барселона се третите патници на Ф4 во Евролигата, откако вечерва во мајсторката со резултат 81-72, и со вкупни 3-2 се пласираше во завршницата на турнирот.

Барса до победа ја водеше одлиниот Ник Лапровитола со 26 поени, а Никола Миротиќ постигна 20 поени. Баварците догбро го почнаа натпреварот, и на полувремето заминаа со предност од 37-31.

Сепак, клучен беше третиот период кога Барса веднаш влезе во серија од 7-0, а Барса брзо отиде и на +10, па така пред последната четвртина имаше предност од 60-52.

Јарамаз го држеше Баерн во игра, меѓутоа Барселона и во последниот период успеа да ја задржи предноста за конечен триумф и голема радост.

Претходно на Ф4 во Белград се пласираа Реал Мадрид и Анадолу Ефес, а последниот патник ќе биде познат по утрешната мајсторка меѓу Олимпијакос и Монако, каде во моментов е 2-2.

Се вчитува...