Барселона се интересира за турскиот талент на Рома

Напаѓачот на Рома Ченгиз Ундер, е на радарот на големата Барселона откако младиот турски фудбалер импресионира со своите настапи за „римската волчица“ сезонава. Информацијата ја потврди и спортскиот директор на Рома, Мончи, кој вели дена не е изнанадување што Барса го следи напредокот на 20-годишниот талент.

„Точно е дека Барселона се интересира на Ундер. Неговиот агент ми потврди дека интересот постои, тој има добри односи со неколку претставници на шпанскиот гигант. Засега нема конкретна понуда, но не ме чуди што големи клубови како Барселона го следат неговиот развој. Ундер е млад, исклучително талентиран играч кој постигнува многу голови. Нашата цел е да го задржиме во Рома и да му овозможиме да стане важен играч за нас“, истакна спортскиот директор на Рома, Мончи.

Ундер летото 2017 година пристигна во Рома за сума околу 15 милиони евра од турскиот прволигаш Басахшехир, сезонава настапи на 24 меча во сите натпреварувања постигнувајќи шест погодоци.

Се вчитува...