Барселона може да слави. Конечно, стави крај на соработката со стоперот Самуел Умтити, кој го чинеше клубот 10 милиони евра по сезона, а не одигра ништо во дресот на „каталонците“. Французинот стигна на „Ноу Камп“ во 2016 година за 25 милиони евра. Се очекуваше да биде еден од најдобрите стопери на денешницата, но од тоа немаше ништо.
За ваквиот развој на настаните имаа влијание и големиот број на повреди кои му ја уништија кариерата. Но, и покрај тоа имаше фантастичен договор со 10 милиони евра по сезона.
Барселона се обидуваше да го продаде, но не успеа во тоа. Пред се другите клубови не можеа да му ја понудат платата која ја бараше. Сега заминува како слободен играч откако Барса се реши да му го раскине договорот со соодветна отштета.
За шест сезони на „Ноу Камп“, Умтити одигра 133 натпревари. Негова следна дестинција најверојатно ќе биде тимот на Рен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

