Барселона не успеа во последниот трансфер рок да го врати Нејмар на „Камп ноу“, бидејќи не можеа да се договорат со ПСЖ околу цената на трансферот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Каталонците се октажале од Нејмар и ќе тргнат во офанзива на неговиот соиграч, Килијан Мбапе за кој сметаат дека ќе биде долготрајна инвестиција. Се шпекулира дека трансферот ќе биде во вредност од 300 милиони евра, со кој ќе бидат срушени сите рекорди. Покрај тоа во Барселона сметаат дека Мбапе е фудбалер кој не внесува немир во соблекувалната, за разлика од Нејмар, но и нема повреди со повреди, како и не го има многу по медиумите, за разлика од Бразилецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА