омбастична вест пристигнува од Шпанија. Колумбискиот фудбалер Луис Диаз се понудил на спортскиот директор на Барселона Деко преку својот агент, кој исто така започнал преговори со Александар Исак! Оваа вест ја објави Хозе Алварез, кој често имал силни ексклузивци од Каталонија.
Тој го потврди она за што се шпекулираше веќе некое време, а тоа е дека Луис Диаз сонува за дрес на Барселона. Колумбиецот очекуваше досега да добие понуда за обновување на договорот, но приоритети на раководството на Ливерпул се Мохамед Салах, Вирџил ван Дијк и Трент Александер-Арнолд, кои на лето ќе станат слободни играчи.
Исто така, познато е дека таткото на Луис Дијаз еднаш даде интервју во Колумбија во кое призна дека Барселона е омилениот клуб на напаѓачот.
Оваа вест дополнително ја подгрева информацијата дека Нико Вилијамс сега е се поблиску до потпис за Арсенал, бидејќи Барселона реши да му „сврти грб“ откако летово тој одби да се пресели во Каталонија.
Истовремено „Каталонците“ наводно преговараат и со Александар Исак, напаѓачот на Њукасл. Исто така и тој има желба да се пресели во Барселона, а исто така и тој ќе замине доколку Њукасл не успее да избори место во Лигата на шампионите идната сезона.
Барселона веќе бара замена за Роберт Левандовски кој има 37 години, и е пред пензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

