Барселона се подготвува за животот по Меси

Најголемиот дел од трнасферите кои ги прави во последно време се идникација дека клубот се подготвува за ерата по Лео Меси, вели во интервју претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу. Каталонците минатиот месец го потврдија 65.милиони евра вредниот трансфер на Френки Де Јонг од Ајакс кој потпиша петогдишен договр.

„Знам дека еден ден Меси ќе рече дека се пензионира. Мораме да го подготвиме клубот за иднината. Носиме квалитетни млади играчи кои ни се потребни за да ја продолжиме ерата на успеси“ – изјави Бартомеу.

Лео Меси кој има 31 година има уште две години од актуелниот договор. Тој во 2017 година изјави дека му се исполнува животниот сон да ја заврши кариерата во Барселона кога потпиша нов договор со клубот, а според кој откупната калузула за Аргентинецот достигна до 700 милиони евра. Со Барселона, Меси досега освои девет титули во Ла лига, четири трофеи во Лигата на шампионите како и шест титули во Купот на кралот.

 

 

Се вчитува...