Барселона се пофали и со Кансело

Барселона ја постигна целта во последниот ден од преодниот рок, ангажирајќи го португалското дуо Жоао Феликс и Жоао Кансело. Како и Феликс, така и Кансело ќе игра во Барселона како позајмен фудбалер.

Барселона објави дека дефанзивецот на Сити бил клучен во остварувањето на договорот, со оглед дека играчот се откажал од значителна сума на пари.

Во договорот со Кансело нема можност за откуп по завршување на позајмицата во јуни 2024 година. Во меѓувреме Барса објави дека Ерик Гарсија заминува во Жирона како позајмен.

Се вчитува...