Барселона се разделува со својот „бисер“ уште во јануари

Единствениот излезен трансфер на Барселона во јануарскиот преоден рок би можел да биде Ансу Фати. 22-годишниот фудбалер уште еднаш се мачи со повреди, и не добива минутажа. Доколку сака да ги напушти „Каталонците“, ќе добие зелено светло од управата.

Една од опциите за Фату е Севиља, со позајмица до крајот на сезоната, а потоа право на откуп. Меѓутоа не е јасно како неговата последна повреда ќе влијае на трансферот.

Фати има повреда од средината на ноември, и се очекува да биде надвор од теренот најмалку до средината на декември.

Се вчитува...