Шпанскиот првак Барселона е во резултатска криза, и целата сезона може да заврши неславно доколку доживее елиминација од Јувентус во Лигата на шампионите и ја загуби трката за шампионската титула во Шпанија од Реал Мадрид. И на двете полиња стои лошо, затоа Јувентус по првиот меч обезбеди предност од 3-0, а Реал Мадрид има три бода предност на врвот на табелата и еден одигран меч помалку од Барселона на седум кола до крајот на првенството во Шпанија.
Токму затоа раководството на Барселона веќе почна со планирање на новите засилувања. Повеќе од евидентно е дека е потребен еден квалитетен играч за врска, а каталонскиот клуб е насочен кон Бразилецот Паулињо, кој изминатите две сезони играше во Кина, но се соочува со депортација, откако сними реклама со порно-актерка, и тоа за спортско обложување кое е забрането во Кина. Барселона сака да го искористи овој момент и да се обиде да го доведе 28-годишниот Бразилец на „Камп Ноу“. Тој е еден од клучните играчи и во селекцијата на „кариоките“, откако Тите стана селектор на Бразил, а при трансферот би можел да влијае и Нејмар.
Покрај Барселона, за услугите на Паулињо, кој претходно беше член на англискиот премиерлигаш Тотенхем, се заинтересира и германскиот првак Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА