Барселона се враќа на „Ноу Камп“ идната недела, но и натаму не може да игра мечеви

По пауза од повеќе од две години од почетокот на реновирањето на „Ноу Камп“, играчите на Барселона ќе се вратат во својот „дом“ на 7 ноември, но само за тренинг кој ќе биде отворен за јавноста, објави каталонскиот клуб денеска на својата официјална вев страница.

„Фудбалскиот тим на Барселона официјално ќе се врати на „Спотифај Камп Ноу“ во петок на 7 ноември на тренинг отворен за јавноста за да се обезбеди правилно функционирање на систмеите, пристапните точки и разните други аспекти на објектот, што е еден од условите во процесот за постепено повторно отворање“, стои во соопштението.

Барселона ќе наплаќа билети за настанот: 5 евра за сопствениците на годишни билети, 10 евра за сите други. Сите приходи ќе бидат донирани во добротворни цели.

Бројот на седишта ќе биде ограничен на 23.000, а гледачите ќе можат да седат во делови од главната трибиа и зад јужниот гол. Градскиот совет на Барселона го ограничи моменталниот капацитет на 27.000 гледачи. Поради оваа одлука, „Каталонците“ ќе продолжат да ги играат своите натпревари на „Монжуик“ кој прима 45.000 гледачи.

Се вчитува...