Каталонскиот гигант Барселона не ги потроши сите пари од продажбата на Нејмар во ПСЖ, па ќе се обиде да се засили и во зимскиот преоден рок. Тренерот Ернесто Валверде е заинтересиран на „Камп Ноу“ да го доведе холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк од англискиот премирлигаш Саутемптон. За таа цел тој испрати скаути да ја следат дополнително неговата игра на квалификацискиот меч меѓу Холандија и Шведска, и впечатоците се повеќе од позитивни.
Ван Дајк подолг период е на листата на желби на неколку европски и англиски клубови. Тој минатото лето беше пред преселба во Ливерпул, а за него се заинтересирани и ривалите од Манчестер, како и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА