Барселона се засили од Германија (ФОТО)

Оскар да Силва е третото засилување за Барселона оваа лето. Германскиот репрезентативец во редовите на каталонскиот гигант доаѓа од Алба Берлин каде претходната сезона забележа просек од 8.8 поени и 3.5 скока и ќе остане дел од тимот во следните три години.

Како потсетување каталонскиот тим претходно го засилија чешките репрезентативци Томас Саторански и Јан Весели, а замина Брендон Дејвис. На излезните врати е и Ник Калатес за кој постои сериозен интерес од Панатинаикос и Фенербахче.

Се вчитува...