Ракометниот клуб Барселона официјално упати жалба до ЕХФ за судењето на македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на натпреварот од полуфиналето на Ф4 во Келн на мечот против Магдебург, кој германскиот тим го доби минимално со 31-30, со гол во последната секунда. Магдебург потоа во финалето го совлада Фуксе Берлин, и стана нов европски првак.
Натпреварот меѓу Барселона и Магдебург го одбележаа трите црвени картони за ракометарите на Барселона, по прегледувањето на виде снимките. „Каталонците“ ги обвинуваат арбитрите од Македонија за нееднаков критериум.
„Ставовите на Барселона беа директно пренесени до ЕХФ, кај главниот во натпреварувачката комисија. Се жалевме на судењето за кое сметаме дека не беше на нивото. Нема никаква цел, туку едноставно го изразивме тоа што го чувствуваме, иако знаеме дека тоа нема да има последици“, изјави Хуан Марин, координатор во каталонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

