Барселона се жали на судиите дека повторно му помогнале на Реал Мадрид

Се уште не стивнува бурата по уште едно „Ел класико“ кое се одигра во рамките на Евролигата. На тој натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона, славеше кралскиот клуб и со тоа ја продолжи серијата триумфи против својот најголем ривал оваа сезона.

По овој натпревар членовите на каталонскиот клуб веруваат дека се оштетени и дека судиите можеле подобро да си ја завршат работата. Барселона не соопшти повеќе детали, освен што не беа задоволни од некои одлуки на судиите на натпреварот во „Визинк центарот“.

Двата тима сега имаат скор 14-13, но Реал ги доби двата дуели годинава во елитното натпреварување.

Се вчитува...