„Барселона се жали на судиски одлуки, навистина чудно“

Атлетик Билбао ја елиминираше Барселона во четвртфиналето на шпанскиот куп. Баскијците погодија во судиското надополнување за победа која ги одведе во полуфиналето, а по мечот Каталоницте се жалеа на судењето, сметајќи дека не им бил досуден чист пенал. Фудбалерот на Билбао, Иниго Мартинез не се сложува со ставот на фудбалерите на Барселона.

„Слушај Барселона се жали на судиите. Навистина чудно“, изјави Мартинез. 

Во полуфиналето Баскијците ќе се сретнат со Гранада, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Реал Сосиедад и Мирандеш.

Се вчитува...