Барселона шокирана од Виртус Болоња, продолжува очајната серија на Фенербахче

Лидерот во Евролигата, екипата на Барселона шокирана на домашен терен во 17. коло со неочекуван пораз од нископласираната Виртус Болоња.

Каталонскиот тим загуби со 75-83, во натпревар во кој гостите одиграа одлично уште од самиот почеток. Барселона очигледно го потцени противникот на стартот кој ја доби првата четвртина со 15-26. Потоа домашните се обидоа да се вратат во игра, но не успеаја во тоа, па Виртус со одлична игра и во последната четвртина која ја доби со 18-23, дојде до конечната победа од 75-83.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лундберг со 19 поени, а со 14 постигнати поени заврши Семи Оџелеј. Во домашниот состав Весели запиша 12 поени, а Оскар Да Силва постигна 11 поени, дополнети и со шест скока.

Во првите два денешни натпревари, Жалгирис му оддржа лекција на Фенербахче победувајќи со убедливи 86-66. Продолжува кризата на Турците кои шест едноподруго натпревари не знаат за победа. Алба Берлин, пак, ја победи Басконија со 85-84, а Баерн го победи Панатинаикос со 84-68.

Се вчитува...