Фудбалерите на Барселона запишаа нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа против екипата на Депортиво Алавес со 3-1 на „Камп ноу“ во натпревар од 14. коло во шпанската Ла лига.
Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 уште во првата минута со погодокот на Ибањез. Каталонците веднаш успеаја да израмнат откако Ламин Јамал го постигна својот прв гол на новиот „Камп ноу“ во 8. минута за 1-1. Целосен пресврт до крај на првиот дел (2-1) донесе Дани Олмо во 26. минута. Во вториот дел конечните 3-1 ги постави Олмо со својот втор гол во 93. минута.
Barcelona [1] – 1 Alaves – Lamine Yamal 8'
byu/BackgroundMorning630 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

