Барселона славеше убедлив триумф од 35-27 во четвртото коло во Лигата на шампионите, и така дојде до максимален ефект во најелитното европско натпреварување.
Освен негатива од 0-1 на стартот, потоа Барса ја имаше предноста, и контролата на резултатот до крајот на мечот. На полувремето „Каталонците“ имаа водство од три поени разлика, а во вториот дел дојдоа до уште поубедлива предност, за на крајот да слават со осум поени разлика. Фраде и Гомез беа најефикасни со по пет голови.
Уште поубедлива победа оствари Нант кој го „растури“ Колштад со 44-27. Победникот беше решен во првито дел, кога француската екипа имаше предност од цели 15 разлика, 26-11.
Киелце со минимални 27-26 го освои Магдебург. На крилата на Даниел Дујшебаев кој постигна седум гола, полскиот тим дојде до триумфот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА