Барселона со три гола во вториот дел го „скрши“ Овиедо (ВИДЕО)

Барселона повторно се врати на врвот од табелата во Ла Лига откако триумфираше во 21. коло пред своите навивачи против Овиедо со 3-0.

Каталонците до триумфот дојдоа со головите во второто полувреме, откако претходно во финишот од првиот дел се спасија од негатива по сомнително недосудениот пенал за Овиедо.

Олмо во 52. минута погоди за водство од 1-0 на Барса, а Рафиња во 57. минута стрелаше и за 2-0.

Ламине Јамал во 73. минута стрелаше и за конечни 3-0.

Се вчитува...