Барселона со „генијална идеја“ толку многу го налути Манчестер Сити за „граѓаните“ да се заканат со тужба

Барселона и Манчестер Сити и ова лето се во центарот на вниманието и тоа одново поради Икај Гундоган. Германскиот репрезентативец кој минатото лето реализираше слободен трансфер од „граѓаните“ во каталонските редови, овој пат е блиску до враќање назад во Манчестер.

Гундоган по само една сезона во Барселона стана прекуброен па раководството на тимот е подготвено да се ослободи од неговите услуги. Преговори за камбек во Манчестер Сити се веќе започнати, а „генијалната“ идеја која ја има спортскиот директор Деко може да има контра ефект и тешки последици по Барселона.

Имено, Деко испратил, за него интересна понуда – во трансферот на Гундоган во Манчестер Сити да биде вклучен и Родри, сакајќи да стави до знаење колку каталонците високо го ценат Гундоган, пренесува шпанскиот инсајдер Жерар Ромеро.

Манчестер Сити не само што огорчен од понудата, туку сега им се заканува на каталонците и со тужба за неисплатените долгови од трансферот на Феран Торес кој во 2022 година премина од Манчестер Сити во Барселона за 55 милиони евра. За да не добие тужба, Барселона има рок до 31. август да ги исплати заостанатите долгови.

Се вчитува...