Барселона со големи проблеми во одбраната пред мечот со Осасуна

Барселона ќе мора целосно да ја ремонтира одбраната за натпреварот против Осасуна следната недела. Ханси Флик има огромен предизвик што треба да го реши, бидејќи можеби нема на располагање ниту еден од своите почетни централни дефанзивци за овој натпревар.

Натпреварот беше закажан за четврток на 27 март, што е само неколку дена по завршувањето на паузата за репрезентациите. Токму поради тоа и двата клуба инсистираа да изберат друг термин за играње на овој одложен натпревар, но Ла Лига не ги исполни барањата на „Каталанците“.

Роналд Араухо е дефинитивно надвор од тимот, затоа што има натпревар за Уругвај еден ден порано, и тешко дека ќе може да се врати навреме.

Пау Кубарси се повреди на мечот на Шпанија против Холандија, а повреден е и Ињиго Мартинез кој пред паузата заработи повреда на коленото.

Се вчитува...