Шпанскиот гигант Барселона се најде во неочекувани проблеми откако десниот бек Алеиш Видал заработи сериозна повреда на скочниот зглоб и ќе паузира до крајот на сезоната. Тренерот Луис Енрике нема многу опции на оваа позиција, таму единствено би можел да затвори Серхи Роберто, па раководството размислува за интересна опција, да ангажира слободен агент, и тоа Мартин Касерес. Уругвајскиот интернационалец беше на „Камп Ноу“ во периодот од 2008 до 2011 година и одигра само 11 натпревари, а ова лето беше отпуштен од италијанскиот првак Јувентус.
Касерес исто така имаше проблеми со повреди, а медиумите на Островот го најавуваа како можно засилување за Саутемптон. Сепак, за него сега како реална опција се отвора ангажманот во Барселона, со оглед дека е слободен агент и би можел веднаш да заигра за новиот клуб. Зимскиот преоден рок во Шпанија е затворен, па Барселона не може да купи друг фудбалер, освен некој што не е обврзан со договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА