Фудбалерите на Барселона го одиграа веројатно и најдобриот натпревар под водство на Ханси Флик откако вечерва на домашен терен го прегазија Баерн Минхен со 4-1 во меч од третото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со 1-0 уште во 1. минута со голот на Рафиња. Гостите израмнија на 1-1 преку Хари Кејн во 18. минута, додека ново водство за домаќинот донесе Левандовски во 36. минута. На 3-1 зголеми Рафиња во судиското надополнување во првото полувреме. Конечните 4-1 беа дело на Рафиња во 56. минута.
Barcelona [4] – 1 Bayern Munich – Raphinha hat-trick 56'
byu/CivillyWalk757 insoccer
Лил стигна до голема победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид од 1-3. Манчестер сити беше сигурен против Спарта Прага со 5-0, додека Интер славеше со 0-1 против Јанг Бојс.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛO:
АТАЛАНТА – СЕЛТИК 0-0
БРЕСТ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 1-1
АТЛЕТИКО М. – ЛИЛ 1-3
БАРСЕЛОНА – БАЕРН М. 4-1
БЕНФИКА – ФЕЕНОРД 1-3
МАНЧЕСТЕР С. – СПАРТА ПРАГА 5-0
ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ 0-1
САЛЦБУРГ – ДИНАМО 0-2
ЈАНГ БОЈС – ИНТЕР 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА