Барселона со Левандовски во составот против Интер

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски, би можел да игра против Интер на реванш мечот во полуфиналето во Лигата на шампионите. Првиот дуел помеѓу овие два тима во Барселона заврши 3-3. Се очекува Полјакот да се најде меѓу резервите, па ако има потреба да влезе во игра.

Реваншот е закажан за на 6. мај на „Џузепе Меаца“. Барселона веројатно нема да треба да стравува за Гави, кој доби повреда на дуелот со Ваљадолид синоќа, но повредата не е од сериозен карактер, па веројатно ќе биде во комбинација.

Сепак, Барселона ќе мора на овој меч да влезе без Алекс Балде. Левиот бек има повреда на колкот, и неговото закрепнување не оди според планот, и затоа нема да му помогне на својот тим во пресметката со Интер.

Се вчитува...