Екипата на Барселона минува низ тежок период во најелитното европско клупско натпреварување. Поразот од ЦСКА Москва (92-78) во петокот за Барса значеше шести од стартот на сезоната во Евролигата, па така го остварија најлошиот личен рекорд на тимот во првенството во последните 18 години, поточно откако се применува новиот формат.Иако триумфот над Панатинаикос на отворањето наговестуваше позитивен старт на „каталонците“, веќе во следното коло го забележаа и првиот пораз од Црвена звезда на гостувањето во Белград. Потоа доживеаја шок од Жалгирис пред своја публика, додека два дена подоцна и Олимпија Милано им го зеде „скалпот“, па кошаркарите на Сито Алонсо се најдоа во незавидна позиција на стартот од лигата. Во 5. коло во каталонската престолнина гостуваше вториот грчки претставник, Олимпијакос, против кого Барса успеа да оствари победа, но веќе во следниот меч одново се избламира со пораз на домашен терен од Анадолу ефес. Бамберг и ЦСКА Москва им го нанесоа петтиот и шестиот пораз, а подобри беа од Валенсија и Макаби, но повторно победите не се остварени во низа.Но, досегашниот скор на шпанскиот клуб не изгледа реален во однос на статистиката. Всушност, Барселона се најдобриот тим по бројот на асистенции (21.6 по меч), како и размерот на асистенции со изгубени топки ( 178.51%). Кога станува збор за постигати поени, Барса реализира 82.4 поени по натпревар, што ги прави третиот најдобар тим во лигата, додека се петтиот најдобар состав во одбрана, дозволуваат просечно 77.4 поени по натпревар.И покрај оваа статистика, Шпанците се десетти на табела со четири победи и шест порази, по една третина во Евролигата се надвор од местата кои водат во разигрувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА