Барселона со „пакет“ цели да стигне до засилување во одбраната

Барселона продолжува со активностите на трансфер маркетот и по официјализирање на соработката со Рафиња. Сега цел на каталонскиот состав е засилување во одбраната, а за таа цел погледот е насочен кон Жул Кунде.

Францускиот репрезентативец кој веќе подолго време е трансфер цел на Челси сеуште не успеава да го договори преминувањето на „Стемфорд Бриџ“, а Барселона ќе се обиде да им „украде“ уште еден фудбалер на „сините“ со пакет од два играчи.

Станува збор за Мемфис Депај и Серхио Дест кои се отпишани од страна на Чави, а за нив каталонците не можат да најдат атрактивни понуди. За услугите на Кунде, Севилја бара 60 милиони евра и не отстапува од оваа сума, а со оглед на ограничените финансии се чини дека ова е единствен начин 23-годишникот да заврши на „Камп Ноу“.

Се вчитува...