Барселона со пенал во 98. минута до голема победа над Селта Виго (ВИДЕО)

Барселона во луд натпревар успеа да слави на домашен терен со 4-3 против Селта Виго во натпревар од 32. коло во Ла лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Феран Торес во 12. минута. Само три минути подоцна гостите стигнаа до изненадување преку Борха Иглесиас во 15. минута.

Во второто полувреме следуваше вистински шок на „Монџуик“. Иглесиас успеа да стигне до хет-трик со уште два гола во 52. и 62. минута и да донесе водство за својот тим од 1-3.

Дани Олмо во 64. минута намали на 2-3, а само четири минути подоцна беше и 3-3 со голот на Рафиња. Истиот фудбалер донесе и целосен пресврт откако успешно реализираше пенал во 98. минута.

Barcelona [4] – 3 Celta Vigo – Raphinha (penalty) 90+8'
byu/bilcupy insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...