Барселона со „петарда“ за Билбао во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона се првите финалисти во шпанскиот Суперкуп откако вечерва во првото полуфинале кое се игра во Саудиска Арабија славеше над Атлетик Билбао со убедливи 5-0.

Каталонците целата работа ја завршија уште во првиот дел по кој имаа огромна предност од 4-0 со головите на Торес, Фермин, Бардџи и Рафиња. Конечните 5-0 беа дело на Рафиња во 52. минута.

Barcelona [5] – 0 Athletic Club – Raphinha 52'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...