Барселона даде поддршка за Израел, што и тоа како ги налути Палестинците. Каталонскиот тим закажа пријателски натпревар со Беитар на 4. август во окупираниот дел на Ерусалим.
„Жалиме поради одлуката на Барселона да игра пријателски натпревар со Беитар во окупираниот дел на Ерусалим. Се надеваме дека од Барселона уште еднаш ќе размислат за овој потег кој испраќа јасна порака, и дека ќе дојде до откажување на натпреварот“ – се вели во соопштението од Фудбалскиот сојуз на Палестина.
Но, тоа не е крајот. Палестинците се разочарани затоа што Барселона ќе игра натпревар на стадионот кој е направен на рушевините на палестинското село Ал-Махл. Палестинците притоа потсетуваат дека Барселона во 2013 година играла натпревар и во Израел и во Палестина како свој допринос на мирот.
„Овој натпревар сега би бил удар за Палестинците. Не очекувавме ваков потег од клуб како Барселона, но уште имаат време да ја поправат грешката“ – дополнуваат од палестинскиот сојуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА