Дејан Манасков е желба на каталонскиот гигант Барселона, каде македонскиот репрезентативец би заминал на позајмица до крајот на сезонава.
Каталонците се најдоа во небрано по повредите на неколку стандардни првотимци, меѓу нив и стандарниот Аитор Арињо, по што Барса остана тенка на левата крилна позиција. Манасков е една од најинтересните опции поради фактот дека македонскиот ас би можел да добие зелено светло за заминување од Вардар, за комплетирање на трансферот од соништата.
Доколку успее да се наметне во дресот на Барселона, нашиот репрезентативец би имал можност следното лето да потпише и перманентен договор со најтрофејниот европски ракометен колектив.
Манасков во моментов е целосно фокусиран на настапот за Македонија на СП 2023, но лесно може да се случи во наредните денови да биде постигнат целосен договор, за тој по завршувањето на мундијалот да се пресели во Барселона. Доколку тоа се случи, тој ќе стане третиот Македонец што го облекол дресот на Барса, по Кире Лазаров и Борко Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

