Барселона со шест „парчиња“ за Валенсија (ВИДЕО)

Барселона славеше со убедливи 6-0 против Валенсија во 4. коло од Ла Лига.

Каталонскиот тим повторно се врати на втората позиција на табелата, откако лесно триумфираше против Валенсија во натпревар во кој домашните до предноста дојдоа со голот на Лопез во 29. минута од средбата.

Останатите пет погодоци потоа беа во вториот дел, а стрелаа Рафиња во 53. минута и Лопез во 56. минута, а потоа повторно Рафиња во 66. минута, за на крај Левандовски во 76. минута и 86. минута за конечни 6-0.


Се вчитува...