Барселона нема намера да го загуби својот најдобар млад играч, Ламин Јамал па каталонците подготвуваат екстра договор за својот талент, пренесуваат шпанските медиуми.
Јамал на 13. јули следната година ќе наполни 18 години што ја отвара можноста за нов договор со Барселона, со оглед на тоа што сегашниот го ограничуваат правилата за договори со малолетни фудбалери од страна на Ла Лига.
Очекувањата се дека Јамал ќе добие договор до 2030 година со исклучително висока и јасно утврдена откупна клаузука која воедно ќе му донесе и далеку побогати примања од 1.5 милиони евра по сезона кои ги заработува сега.
Јамал кој нема намера да замине од Барселона досега одигра пет натпревари во новата сезона постигнувајќи три голови и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА