Барселона со сомнителен пенал до победа над Лас Палмас (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона некако успеаја да стигнат до тешка победа на гостувањето кај Лас Палмас во последниот меч од 19. коло во шпанската Ла лига со 2-1.

Мизеријата на Каталонците продолжи и на стартот на новата година откако нивниот поранешен фудбалер Мунир Ел Хадади во 12. минута донесе водство од 1-0 за домашниот тим. На стартот на второто полувреме избраниците на Чави Хернандез успеаја да се вратат во игра и во 56. минута да израмнат на 1-1 преку Феран Торес.

Во финишот аталонците стигнаа до победа откако Гундоган премногу лесно падна во противничкиот шеснаесетник по што неговиот тим доби пенал, а Сингравен црвен картон. Пеналот успешно го реализираше германскиот репрезентативец за триумф од 2-1.

Las Palmas 1 – [2] Barcelona – Ilkay Gundogan (penalty) 90‎+‎3‎'‎
byu/MarcoRuss insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...