Фудбалерите на Барселона ја запишаа и втората победа сезонава откако вечерва во последниот натпревар од денешната програма од 2. коло во Ла лига славеа во супер-интересен натпревар над Леванте со 2-3.
Домаќините до сензационално водство од 1-0 стигнаа со голот на Ромеро уште во 15. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел Леванте успеа да зголеми и на 2-0 откако во седмата минута од судиското надополнување Моралес реализираше пенал.
Само што стартуваше второто полувреме Каталонци како да излегоа препородени. Педри во 49. минута намали на 2-1, а само три минути подоцна беше и 2-2 откако прецизно стрелаше Феран Торес.
До крајот Каталонците успеаја да стигнат до триумф откако автогол за 2-3 си постигна Унаи Елгезабал Удондо во 91. минута.
[deleted by user]
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

