Валверде повеќе не може да го чека Хектор Белерин, па раководството му услови рок од 10 дена да одлучи за неговата иднина. Шпанецот е во голема дилема дали да остане во Арсенал, или пак да се врати онаму каде што започна со фудбалот, а тоа е Барселона. Иако пред завршувањето на сезоната изјави дека нема намера да го напушти „Емирати“, неговите планови биле поврзани само со Арсенал, Белерин полека го менува мислењето.
Неговите соиграчи од младата репрезентација неколку пати изјавија дека десниот бек е во дилема, сака да заигра за матичниот клуб, но срцето не му дозволувало да го напушти клубот кој го направи играч.
Барселона пак очајно се обидува да донесе десен бек. 22-годишниот шпанец е идеално и долгорочно решение, но ако не одлучи во наредните 10 дена, Барса ќе бара на пазарот други алтернативи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА