Барселона со ултиматум до Вилијамс: Сега, или никогаш!

Барселона нема да го чека Нико Вилијамс уште една сезона, по веста дека шпанското крило ќе остане во Атлетик Билбао и наредната сезона. Наводно од таборот на „Каталонците“ му поставиле ултиматум на фудбалерот, сега и веднаш да го стави потписот на договорот, во спротивно нема да го ангажира следното лето.

Таков став наводно изнел спортскиот директор Деко, кој го сака фудбалерот веднаш во своите редови.

Вчера беше објавено дека Вилијамс најверојатно ќе остане и следната сезона дел од тимот од Билбао, откако му дал ветување и на својот брат со кого заедно играат во Атлетик.

Како резултат на двоумењето на Вилијамс, Барселона ги обнови контактите со Дани Олмо од Лајпциг.

Се вчитува...