Барселона го запиша вториот пораз сезонава во Ла лига. Каталонците загубија на домашен терен од Бетис со 3-4, во уште еден меч во кој одбраната на Барселона прима серија голови.
Па, Барселона на тој начин собори негативен рекорд стар 20 години. На десет едноподруго натпревари каталонската одбрана примила барем еден погодок, што на Барселона не и се случило цели 20 претходни сезони во Ла Лига.
Последен пат кога Каталонците биле така очајни во одбраната било во 1998 година кога екипата ја водеше Луис Ван Гал, а Барса тогаш имаше 12 врзани натпревари без да ја сочува сопствената мрежа.
Во следните два натпревари Барселона игра против Атлетико Мадрид и против Вилјареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

